Манчестер Јунајтед со пресврт во вториот дел успеа да го совлада турски Галатасарај (5-2) во контролниот меч кој двете екипи го одиграа во шведскиот град Гетеборг.
Почетокот на мечот го одбелажа Златан Ибрахимовиќ кој деби погодок за „црвените ѓаволи“ го постигна по само три минути игра.
Фудбалерите на Галатасарај во 22-та минута со голот на Синан Гумуз го изедначија резултатот, а пред финишот од првиот дел комплетно го свртеа после погодокот на Брума.
Капитенот на Мен Ју, Вејн Руни од 55-та до 58-та минута постигна два погодоци и одново донесе водство за англискиот премиерлигаш.
Победата за „ѓаволите“ против Галатасарај ја осигураа резервните фудбалери Маруане Фелаини и Хуан Мата кои погодија во 62-та односно 75-та минута.
OhridNews