Блескавите престави на Давид де Геа на голот од Манчестер Јунајтед будно ги следи Реал Мадрид, кој веднаш покажа интерес за негов ангажман.


Клубот од Олд Трафорд со рекордно зголемување на платата ќе го чува чуварот на мрежата во своите редови.

Неговиот договор истекува за сезона и пол, а Де Геа моментално заработува 60 000 фунти неделно.

Со новиот пет годишен договор Де Геа ќе заработува 140 000 фунди и ќе стане најскапо платен голман во светот.

Во редовите на „црвените ѓаволи“ Де Геа пристигна 2011 година од тимот на Атлетико Мадрид по барање на тогашниот менаџер Сер Алекс Фергусон.

Мх.П.