Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед во соработка со германската компанија Адидас ќе донесе ѕвучно засилување во нападот.


Со доведувањето на напаѓачот, Адидас и Манчестер Јунајтед ќе ја официјализираат соработката која започнува на 1 август, а ќе трае 10 години.

Оваа информација ја потврди и менаџерот на „црвените ѓаволи“, Луис ван Гал изјавувајќи дека ќе донесат засилување со кое не се поврзуваат во летниот преоден рок.

До сега на Олд Трафорд пристигнаа Мемфис Депај, Матео Дармијан, Бастијан Швајнштајгер и Морган Шнајрделин.

Ohridnews