Манчестер Јунајтед почна да бара голман на трансфер пазарот за замена на Давид де Геа, кој е се поблиску до заминување во кралскиот клуб.
Таргет број еден на „црвените ѓаволи“ е чуварот на мрежата на Тотенхем, Хуго Лорис, со кој „црвените ѓаволи“ оствариле контакт.
Францускиот весник „Л`екип“ пренесува дека и капитенот на „триколорите“ посакува трансфер во екипа која констатно ќе биде дел од Лигата на Шампиони.
Тимот од Олд Трафорд за услугите на францускиот репрезентативец ќе плати 20 милиони евра.
Мх.П.