Преговорите меѓу Манчестер Јунајтед, Јувентус и Пол Погба влегуваат во завршна фаза и се очекува „црвените ѓаволи“ до средината од следната недела да го официјализираат трансферот на Французинот.


Англиските медиуми тврдат дека преселбата од Италија во Англија на францускиот репрезентативец Манчестер Јунајтед ќе го чини 105 милиони фунти.

Платата на Погба на Олд Трафорд ќе изнесува 202 000 фунти неделно, а трансферот ќе се оствари по големо барање на Жозе Мурињо.

Погба, фудбалската авантура ја започна токму во Манчестер Јунајтед, но како младинец Сер Алекс Фергусон го пушти да замине, а тој одбра во Јувентус, кад се афирмираше во голем играч.

OhridNews