Без победник 1-1 заврши дерби пресметката помеѓу Челси и Манчестер на Стемфорд Бриџ во 25-та рунда од Премиер лигата.
Иако двете екипи имаа изгледни прилики за погодок во првиот дел мрежите мируваа. Затоа, второто полувреме понуди апсолутно се што може едно дерби во Англија да понуди.
„Црвените ѓаволи“ со голот на Џеси Лингард во 61-та минута поведоа 1-0, а гостите благодарание на Давид де Геа се до 90-та минута го чуваа водството.
Диего Коста со помош на младиот Камерон Бортвик-Џексон го израмни резултатот, а само две минути подоцна имаше шанса за победа, но на вистинското место пак беше Де Геа.
Резултати: Бурнмаут – Арсенал 0-2, Челси – Мен Ју 1-1.
Табела: Лестер 53, Тотенхем 48, Арсенал 48, Мен Сити 47, Мен Ју 41…
OhridNews










