Викендов Фудбалската школа Јуниор 10, ги промовираше новите простории во кои ќе бидат “вдомени“ младите фудбалерчиња. Со школата која е во склоп на “Срц Билјани Извори“ работат интрукторите Благоја Ристевски и Никола Павлески.

– Нашата цел првенствено е младите фудбалери да се развијат во здрави личности. Училиштето е на прво место, а спортскиот аспект останува на нас, ние ќе бидеме нивни воспитувачи кои ќе се трудиме да изградиме здрави спортски личности  – рече Ристевски.


– Сите треба да се стремиме заедно кон еден успех кој ќе го градиме со зеднички напори – истакна Павлески.


Не за девијантните појави, ДА за спортот

М.П.