Фудбалската школа “Јуниор“ се уште врши уписи на нови дечиња кои сакаат да ја отркријат тајната и магијата во “бубамарата“. Под палката на Наум Јанкуловски и Благоја Ристески дечињата добиваат современи тренинзи и третмани по програмата на УЕФА.


Ohrid News – Од колку години е најдобрo едно дете да се занимава со фудбал или воопшто со спорт.

Јуниор
: Најновите студии покажуваат дека дечињата во големите фудбалски клубови започнуваат со фудбал многу рано, уште на 6-годишна возраст. Тогаш започнуваат со изучување на основните технички елементи, каде мора тренингот да биде реализиран преку игра и забава.


Ohrid News – Каква е стратегијата и како се работи со дечињата ?

Јуниор – Ефектите од самиот тренинг се видливи уште во првите шест месеци од самиот тренинг. Децата мора да доаѓаат редовно на тренинг, и со тоа стануваат одговорни. Место да седат на компјутер тие доаѓаат да тренираат со што здраствениот аспект е подигнат на повисоко ниво.


Ohrid News – Кога се видливи првите резултати од вакво работење.

Јуниор –
Со макотрпна работа резултатите се видливи помеѓу 11 и 12 години, кога веќе се наѕира кое од децата ќе може да биде добар фудбалер. Но и покрај тоа мора сите деца да поседуваат волја која ќе ги носи кога им е најтешко и ќе сакаат уште повеќе да навлезат во фудбалската магија.

Мх.П.