Најдобриот атлетичар во историјата на „кралицата на спортовите“, Јусеин Болт жестоко удри на забава на карневалот кој се одржува во Трининад и Тобаго.

30-годишниот атлетичар беше во центарот на вниманието играјќи гол до половина со многуте згодни девојки кои се дел од карневалот.

Најбрзиот човек на светот познат е по своите луди забави и ноќни излегувања. Минатата година после завршувањето на Олимписките игри во Рио на кој ја продолжи доминацијата во спринтерските дисциплини беше топ тема низ бразилските дискотеки.


Очигледно ништо не се сменило кај Болт кој новата година ја започна со признание за најдобар спортист во машка конкуренција во светот.

OhridNews