Еден од најголемите подароци на природата во Европа е Охридското Езеро и неговата околина. Доволно е да го видите, да ги слушнете брановите, да се загледате во бескрајното синило и да се заљубите во него, вака познатиот и еден од најчитаните хрватски весници „Јутарњи лист“ го започнува текстот напишан за Охрид и езерото.

Во текстот се опишани природните убавини на Охрид- град кој е под заштита на УНЕСКО, наведени се податоци за староста на езерото, ендемичните видови во него, за Охрид кој се нарекува Вечниот град  како најважен образовен центар и колевка на писменоста на словенските народи.

„Јутарњи лист“ на читателите им препорачува што поскоро да го посетат Охрид, завршувајќи со зборовите- „Побегнете од реалноста и остварете го својот сон во Градот на светлината, покрај едно од најстарите и најубави езера во светот“.

OhridNews