Лидерот во Серија А, Јувентус во Неапол го покажа шампионското лице победувајќи го составот на Наполи 3-1.


Иако имаа предност на полувремето со голот на Пол Погба, сепак, „бјанконерите“ победата ја осигураа во вториот дел со головите на Касерес и Видал откако Бритос изедначи на 1-1.

Со оваа победа фудбалерите на Јувентус им се реваншираа на „азурите“ за поразот во Супер купот на Италија во декември минатата година.

Мх.П.