Италијанскиот шампион Јувентус со 2-1 го совлада англискиот премиерлигаш Тотенхем во рамките од Купот на Шампиони кој се игра во Австралија.


„Бјанконерите“ победата над „петлите“ ја најавија во првите петнаесет минути од мечот кога со головите на Пабло Дибала и Менди Бенатија поведоа со 2-0.


После еден час игра англичаните преку Ерик Ламела го намалија резултатот и се вратија во игра, но не успеаја да стигнат до поволен исход.


Неофицијално деби во дресот на Јувентус имаа Миралем Пјаниќ и Бенатија кој токму по асистенција на Босанецот се запиша во листата на стрелци.

На 29 овој месец на турнирот во Австралија ќе се сретнат Тотенхем и европскиот вицепрвак Атлетико Мадрид.

OhridNews