Управата на италијанскиот првак Јувентус во зимскиот преоден рок активно тргнува на трансфер пазарот откако екипата новата сезона не ја започна најдобро.
Доведените фудбалери за замена на Андреа Пирло, Карлос Тевез и Артуро Видал не ја оправдаа довербата, за тоа „бјанконерите“ ќе купуваат во зимскиот преоден рок.
Главни мети на „старата дама“ се Бразилецот, Оскар од редовите на Челси и голгетерот на Саутемптон, Грацијано Пеле.
Јувентус се очекува лесно без многу потешкотии да ги доведе овие фудбалери. Оскар не е задоволен од третманот од Жозе Мурињо додека Пеле јавно искажа љубов кон клубот од Торино.
Ohridnews











