Фудбалерите на Јувенту се апсолутни владетели во италијанскиот фудбал. По титулата во Серија А, „бјанконерите“ ја освоија и во Купот на Италија победувајќи го Лацио во финалето со 2-1 (1-1) по продолженија.


Лацијалите погодија за водство во 4-та минута преку Раду, а Јувентус израмни седуми минути подоцна со погодокот на Џорџо Киелини.

Во продолженијата одлуката за победникот падна во 97-та минута кога Алесандро Матри донесе позитива (2-1) и ја задржаа до крај.


Шлагот на тортата на незаборваната сезона за Јувентус ќе биде финалето во Лигата на Шампиони против Барселона кое се игра на 6 јуни во Берлин.

Мх.П.