Актуелниот првак во Италија, Јувентус брзо ги залечи раните од елиминацијата во Лигата на Шампиони и со 2-0 славеше против Лацио на „Олимпико“ во последниот натпревар од 32-та рунда.


Херој на “бјанконерите“ на дуелот со “небесносините“ беше Чиленаецот, Артуро Видал, кој ги постигна двата голови.

По овој триумф избраниците на тренерот Антонио Конте имаат предност од 11 бодови и само чудо може да ги спречи да се радуваат на титулата во “калчо лигата“.

Во наредната рунда на програмата е дербито меѓу Јувентус – Милан.

Мх.П.