Екипата на Јувентус на извондреден начин со видео материјал му се заблагодари на Џиџи Буфон кој в сабота против Верона ќе го одигра последниот натпревар во дресот на „старата дама“. Италијанскиот клуб видеото го нарече „Никој како тебе“ и внесе мигови од Џиџи кој го прави најголем помеѓу голманите.
40-годишниот голман во Јувентус се пресели од Парма далечната 2001 година и на голот остана цели 17 сезони. Буфон не ги остави на цедило „бјанконерите“ кога беа префрлени ранг подолу поради „калчополи“ и со тој потег ги освои срцата на навивачите.
OhridNews