Јувентус продолжува со активната работа на трансфер пазарот доведувајќи го на едногодишна позајмица фудбалерот од Баерн Минхен, Менди Бенатија.


Мароканскиот репрезентативец ги помина лекарските прегледи и во најбрз можен рок треба да биде официјално преставан пред италијанската и светската јавност.

Играњето во Серија А нема да биде прво искуство за Бенатија кој од Рома во 2014 година премина на Алијанц Арената за 26 милиони евра.

„Старата дама“ по комплетирањето на документацијата за Бенатија се насочи кон Гонзало Игуаин кој е најголемата „риба“ на трансфер пазарот годинава.

„Бјанконерите“ за услугите на Аргентинецот ќе понудат три фудбалери (Заза, Ругани и Переира) и дополнителни 25 милиони евра.

OhridNews