Германскиот репрезентативец Сами Кедира без никаква финанска оштета се пресели во редовите на Европскиот вицешампион Јувентус од тимот на Реал Мадрид.
Кедира е второто засилување за „бјанконерите“ за следната сезона. Претходно клубот од Торино го ангажираше фудбалерот на Палермо, Дибала за 30 милиони евра.
Фудбалерот, кој дејствува на средината од теренот потпиша четири годишен договор и ќе преставува квалитетно засилување за екипата преводена од Масимилијано Алегри.
Ohridnews