Италијанскиот шампион, Јувентус со нов и побогат договор ќе го награди стоперот Леонардо Бонучи за верноста кон клубот.
Репрезентативецот на „азурите“ одби голема понуда од Манчестер Сити и можност да работи со Пеп Гвардиола останувајќи во Јувентус.
„Граѓаните“ до „старата дама“ испратели понуда во висина од 60 милиони евра, но фудбалерот одбил преговори и ставил до знаење дека не сака да замине.
Дефанзивецот во 2010 година го засили Јувентус од Бари, а во младинските категории ги бранел боите на Интер.
Бонучи за италијанската репрезентација има собрано 62 настапи вклучувајќи ги и од последното Европско првенство каде ја командуваше одбраната.
OhridNews