Шампионот на Италија, Јувентус го официјализираше мултимилионски трансфер на Гонзало Игуаин кој во Торино се преселува од екипата на Наполи.
„Ел Пипита“ како што го нарекуваат Игуаин со „бјанконерите“ потпиша петогодишен договор, а за неговите услуги Јувентус на Наполи му исплати 90 милиони евра.
Трансферот на Игуаин од Наполи во Јувентус е рекорден во Италија, а го зазема третото место после Герет Бејл и Кристијано Роналдо во светот.
„Старата дама“ со купувањето на Игуаин најави поход на Европа бидејќи во Италија неколку сезони нема конкуретна екипа.
OhridNews