Италијанскиот шампион, Јувентус го официјализираше трансферот Дани Алвес кој клубот го засилува без никакво обештетување.
Бразилскиот дефанзивец на клубот од Торино му се приклучува како слободен фудбалер откако му истече договорот со шпанска Барселона.
Дани Алвес е второ засилување за „бјанконерите“ пред почетокот на новата сезона. Мразот на трансферите го скрши Миралем Пјаниќ кој во Торино се пресели од Рома.
Со овие двајца фудбалери Јувентус става до знаење дека следна цел покрај одбрана на титулата во Серија А е покорување на Европа.
OhridNews