Екипите на Јувентус и Наполи го освоија целиот плен на мечевите со Лацио односно Милан победувајќи ги своите противници со 1-0 и 4-2.
„Старата дама“ втората победа сезонава ја забележа на Олимпико против Лацио кој никако не може да најде рецепт за актуелниот италијански шампион. Човек на одлука беше германскиот репрезентативец Сами Кедира кој во 66-та минута го постигна единствениот погодок на мечот.
„Азурите“ и „росонерите“ одиграа фантастичен меч со шест погодоци, а гостите од Милано натпреварот го завршија со девет играчи, откако црвени картони добија Куцка и Нијанг. Два од четирите голови за Наполи реализираше Милик, Калехон беше прецизен еднаш, а Ромањоли сам си ја затресе мрежата. Головите на Милан ги постигнаа Нијанг и Сусо.
OhridNews