По триумфот во Купот на Италија (3-0), Јувентус славеше нова победа над Интер овој пат во 27-та рунда од Серија А со 2-0.


„Бјанконерите“ со триумфот над „нероазурите“ се вратија на победничките патеки откако минатото коло ремизираа без голови со Болоња.

Домаќините со по еден погодок во двете полувремиња го решија Интер кој вртоглаво почна да паѓа на табелата по одличниот старт на сезоната.

Првиот погодок за „старата дама“ го постигна Леонардо Бонучи во првото полувреме додека печат победа стави Алваро Мората од пенал во финишот од мечот.


Резултати: Палермо – Болоња 0-0, Карпи – Аталанта 1-1, Киево – Џенова 1-0, Сампдорија – Фросиноне 2-0, Удинезе – Верона 2-0, Јувентус – Интер 2-0.

Табела: Јувентус 61, Наполи 57 (-1), Рома 53, Фиорентина 52 (-1), Интер 48, Милан 47…

OhridNews