Актуелниот шампион и лидер на табелата во Серија А, Јувентус ги „скара“ навивачите, откако го престави новото лого на клубот.
Новото обележје е модерно и црно-бело во боите на клубот, а Јувентус го промовираше во годината во која ќе го прослви 120-от роденден.
– Да продолжиме да растиме како клуб, прво, мора да победуваме на теренот, а надвор од него континуирано да сее развивме за да достигниме нови висини. Иновации значат напредок без заборавање кои сме и што сме и од каде доаѓаме. Нашата суштина беше и ќе остане на теренот, никако надвор од него. – рече после промовирањето на логото, Андреа Ањели првиот човек на клубот.
Навивачите на социјалните мрежи имаа страшни дебати околу новото обележје кое ниту од далеку не наликува на претходното кое го имаше „старата дама“.
OhridNews