Јувентус зачекори кон финалето во Купот на Италија победувајќи го Интер со убедливи 3-0 во првиот полуфинален натпревар пред своите гледачи.


„Бјанконерите“ во полуфиналната пресметка со Интер ја пресликаа формата и играта од калчолигата и победата беше неизбежна.

Двоен удар на „нероазурите“ му зададе Алваро Мората кој мрежата ја погоди во 36-та и 63-та минута. Печат на победата стави Пабло Дибала во 83-та минута. Хендикеп плус за гостите од Милано беше црвениот картон на Џејсон Муриљо во 70-та минута. 

Реванш натпреварот во полуфиналето од Купот ќе се одигра на 1 март на Џузепе Меаца.

OhridNews