Антониот Конте не е повеќе тренер на Јувентус. Стратегот кој во последните три сезони освои три титули со тимот од Торино спогодбено ја “Старата Дама“. Конте (44) претходно ги водеше тимовите на Бари (2009) и Сиена(2011) со кои успеваше да избори пласман во Серија А. Периодот во Јувентус беше трофеен за поранешниот фудбалер на “бјанконерите“.

– Мора да бидме горди на она што го направвивме во овие три години. Го напуштам клубот со исправена глава – вели Конте.

Но она што го забрза заминувањето на Конто од Јувентус е клупската политика и одлуките да се продаваат најдобрите фудбалери на европските ривали (Манчестер Јунајте, ПСЖ) што го прави италијанскиот првак неконкурентен во Европа.

Неговиот наследник се бара меѓу Масимилијано Алегри и Роберто Манчини. Интересно е тоа што ниту едниот ниту другиот не се омилени кај навивачите на Јувентус.