Екипите на Јувентус и Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе водат битка за ангажманот на германскиот репрезентативец, Месут Озил кој го носи дресот на Арсенал.
.
Фудбалерот со офанзивни карактеристики после завршување на оваа сезона станува слободен играч и без оштета може да ја засили било која екипа тој што ќе посака. Затоа, ситуацијата будно ја следат двете екипи кои го посакуваа Германецот во своите редови.
За сега поголема предност му се дава на Манчестер Јунајтед поради соработката во Реал Мадрид помеѓу Жозе Мурињо и Озил, но „старата дама“ знае да „игра“ на трансфер пазарот како никоја друга екипа во светот.
Со евентуалното заминување на Озил без оштета најголем губитник ќе биде Арсенал кој во 2013 година за 50 милиони евра го доведе од Реал Мадрид на Емирати.
OhridNews