Италијанскиот и францускиот првак Јувентус односно Пари Сент Жермен преговараат да ги разменат Марио Манџукиќ и Едисон Кавани по завршување на сезоната.


„Старата дама“ сериозно бара квалитетен и здрав напаѓач откако по заминувањето на Карлос Тевез не може да се ослони на никој од доведените фудбалери.

Еден од нив е и хрватскиот репрезентативец кој почесто е на листата од повредени играчи отколку на теренот.

„Бјанконерите“ покрај Манџукиќ подготвени се да платат дополнителни 20 милиони евра за Кавани кој ѕвездените моменти во кариерата ги доживеа токму во Серија во дресот на Наполи.

Неодамна, Уругваецот изјави дека сака да ја промени средината поради малата минутажа која ја добива на „Паркот на принцовите“.

OhridNews