Најтрофејниот италијански клуб Јувентус и Барселона на 6 јуни во Берлин ќе се сретнат во големото финалето од Лигата на Шампиони.
„Бјанконерите“ на реванш натпреварот со Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу ремизираа 1-1 и ја зачуваа предноста од првиот натпревар (2-1).
„Кралевите“ со голот на Кристијано Роналдо од белата точкаа имаа резултат, кој ги водеше во финалето, но Алваро Мората со вториот погодок во мечевите со Реал го лансираше Јувентус во финалето.
Таму веќе пласман обезбеди Барселона, која во двомечот го елиминираше германскиот гигант Баерн Минхен.
Мх.П.