По лошиот старт на сезоната Јувентус се консолидираше и одново ги покажа шампионските амбиции победувајќи ја Сампдорија во Џенова со 2-1 во последниот меч од 19-та рунда во Серија А.
„Бјанконерите“ против составот предводен од Виченцо Монтела ја забележаа деветта победа во серија во „калчолигата“ која ги одведе на втората позиција на табелата.
Јувентус по 50-ет минути игра водеше 2-0 со головите на Пол Погба и Сами Кедира. Домаќините преку Антонио Касано го намалија резултатот, но не успеаја да се извлечат од пораз.
Резултати : Интер – Сасуоло 0-1, Аталанта – Џенова 0-2, Болоња – Киево 0-1, Фросиноне – Наполи 1-5, Верона – Палермо 0-1, Торино – Емполи 0-1, Сампдорија – Јувентус 1-2.
Табела : Наполи 41, Јувентус 39, Интер 39, Фиорентина 38, Рома 34…
Мх.П.











