Екипата на Фиорентина го шокираше актуелниот шампион во Серија А, Јувентус во првиот полуфинален натпревар победувајќи со 2-1 во Торино.
Херој на „виолетовите“ беше Мухамед Салах, кој постигна два маестрални погодоци. „Бјанконерите“ еднаш се вратија во игра со изедначувачкиот погодок на Љоренте, но незнеаја да го сопрат Салах.
Реванш натпреварот во 1/2 финалето од Купот се игра за еден месец на „Артемио Франки“.
Ohridnews