Италијанскиот шампион Јувентус ја одби првата официјална понуда од Манчестер Јунајтед за Пол Погба која достигнала неверојатни 101 милиони евра.


„Старата дама“ останува на првата одредена сума за услугите на Погба од 120 милиони евра која најверојатно клубот од Олд Трафорд ќе ја исплати.

Спортскиот директор на „црвените ѓаволи“, Ед Вудвард ги договорил личните услови за Погба кој ќе заработува 13 милиони евра по сезона.

Ако најавите се остварат Погба и Манчестер Јунајтед ќе го преземат приматот за најскап трансфер во светскиот фудбал.

Претходно, за точно 100 милиони евра Герет Бејл од Тотенхем се пресели во Реал Мадрид.

OhridNews