Извршниот директор на Јувентус Џузепе Марота изјавил дека Колумбиецот Хуан Квадрадо најдоцна до вторник ќе го засили италијанскиот шампион.
„Квадрадо ќе дојде кај нас како позајмен играч. Тоа би можеле да го официјализираме во наредните два дена“, им изјавил Марота на италијанските медиуми.
Квадрадо во февруари, последниот ден од преодниот рок, од Фиорентина се пресели во Челзи. Лондоснкиот клуб на Фиорентина и плати 34 милиони фунти, а Квадрадо потпиша четири ипол годишен договор.
Колумбиецот беше најавен како големо засилување за Челзи, но тој не се снајде најдобро на „Стенфорд Бриџ“, од игра само 15 натпревари, а само четири пати беше стартер.
Инаку Јувентус со пораз ја започна новата сезона во Серија А во која ја брани шампионската титула. Јувентус во неделата на домашен терен загуби од Удинезе со 0:1.
Ohridnews