Екипата на Јувентус е првиот патник во финалето во Купот на Италија елиминирајќи ја Фиорентина во полуфиналниот двомеч со вкупни (4-2).


„Бјанконерите“ го одбраа потешкиот пат до финалето победувајќи со 3-0 на гостински терен, а надополнувајќи ја негативата (2-1) од првиот натпревар.

Пласманот во финалето е добар вовед за италијанскиот првак пред натпреварите со Монако во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.

Противник на „старата дама“ во финалето ќе биде поуспешниот од дуелот меѓу Наполи и Лацио.

Мх.П.