Италијанскиот шампион Јувентус со 2-1 го совлада тимот составен од кинеските ѕвезди во пријателскиот меч кој го одиграа во Хонг Конг.
„Ол стар“ тимот од Јужна Кина одлично го започна мечот поведувајќи со 1-0 во 21-та минута од натпреварот.
Сепак, радоста кратко траеше откако Менди Бенатија изедначи по само пет минути. „Бјанконерите“ вториот погодок кој значеше и победа го постигнаа во 82-та минута преку Валерио Росети.
За пулените на Масимилијано Алегри ова е втора победа во контролните мечеви по победата над Тотенхем во Австралија.
OhridNews