Екипата на Тотенхем му го зеде скалпот на италијанскиот првак Јувентус совладувајќи го со 2-0 во контролниот меч кој го одиграа двата тимови.
Англискиот премиерлигаш до победата стигна со головите на Хари Кејн во првиот дел и на Кристијан Ериксен во второто полувреме.
Двете екипи ги одиграа последните подготвителни мечеви пред стартот на сезоната која официјално започнува следниот викенд.
Од другите контролни натпревари за издвојување се победите на Ливерпул и на Свонси над Атлетик Билбао 3-1 односно Сампдорија 4-0.
OhridNews