Калчолигашот Сасуоло кој годинава се натпреварува и во Лигата на Европа, подготвен е во зимскиот преоден рок да му го продаде најдобриот фудбалер на Интер, Доменико Берарди.


Напаѓачот долго време во летниот преоден рок беше поврзуван со Јувентус, но преговорите не вродија со плод поради големата отштета која ја бараше клубот.

– Можеме да си дозволиме и да го задржиме Берарди. Сепак, тој привлече големо внимание во Италија, а интерес покажа и еден клуб надвор од нашите граници. Сите пишувања околу Јувентус беа невистини бидејќи тие се „ценкаа“ и двоумеа околу неговото купување. Ние како клуб отворени сме за секој играч да преговараме, а веќе сме седнати со Интер на маса за ангажманот на Берарди. – рече  за италијанските медиуми првиот човек на Сасуоло, Џовани Карвенали.

Сепак, Јувентус има прв право на откуп на Берарди, бидејќи има склучено пред договор со Сасуоло. Цената на младинскиот репрезентативец на трансфер пазарот изнесува 25 милиони евра.

OhridNews