Италијанскиот шампион Јувентус без поголеми проблеми обезбеди пласман во 1/4 финалето од Купот на Италија победувајќи ја Верона 6-1.


Гол шоуто на „бјанконерите“ го започна Џовинко, кој постигна два погодоци во првиот дел. Измеѓу головите на Џовинко еднаш прецизен беше Переира.




Во вторите 45 минути мрежата на гостите ја погодија уште Погба, Мората и Коман додека почесниот погодок за Верона беше дело на Нене.


Екипата на Парма ќе биде ривал на Јуве во 1/4 финалето откако „млекарите“ во осминафиналето го „прескокнаа“ тимот на Каљари.

Мх.П.