Со головите на црногорскиот репрезентативец Мирко Вучиниќ во 73-та и 78-та минута Јувентус забележа победа 2-1 против Пескара во првиот натпревар од 31-та рунда.


На “бјанконерите“ им беа потребни 73 минути да го скршат отпорот на Пескара, кога Вучиниќ погоди од белата точка, гостинските фудбалери останаа со десет играчи. Тоа актуелниот првак го искористи и постигна уште еден погодок преку Вучиниќ. Почесниот гол за Пескара беше дело на Кашчионе во финшот од средбата.


Резултати : Јувентус – Пескара 2-1, Болоња – Торино 20:45 часот.

Мх.П.