Јувентус го совлада Милан со 1-0 и направи уште еден одлучувачки чекор кон одбрана на титулата во Серија А. Творец на победата беше Артуро Видал кој биеше непогрешливо од белата точка. Со овој триумф Јувентус е на плус 11 од Наполи.

За Милан ова беше прв пораз во календарската 2013 година во Серија А. Поразот ги остава на третото место но само со еден бод предност пред Фиорентина. До крајот на шампионатот има уште 5 кола.