Актуелниот првак во Серија А, Јувентус со триумфот над Лацио (2-0) на Олимпико во првиот натпревар од 15-та рунда им се приклучи на водечките на табелата.


Дилемите околу победникот гостите од Торино ги разрешија во првиот дел кога благодарание на Пабло Дибала постигнаа два погодоци.

Аргентинецот при првиот гол биеше, а топката од нозете на Џентилети заврши во мрежата на Маркети додека вториот беше ремек дело со прецизен удар надвор од казнетиот простор.


Во 15-та рунда лидерот на табелата Наполи ќе се сретне со Болоња, Интер со Џенова, а Рома гостува во Торино кај истоимената екипа.

Ohridnews