Со погодокот од белата точка на Пабло Дибала во 4-та минута од судиското продолжение Јувентус го совлада Милан со 2-1 во дербито од 28-та рунда во Серија А.


„Бјанконерите“ поведоа 1-0 со голот на Бенатија, а пред крајот на првиот дел Бака ги изедначи бројките на семафорот. Иницијативата на теренот домаќините ја искористија дури во финишот после пеналот кој во погодок го претвори Дибала.

Домаќините со триуфмот во дербито со „росонерите“ ја продолжија импозатната серија победи на 30-ет мечеви и се одлепија на врвот од табелата.

OhridNews