Јувентус со минималната победа 1-0 над Палермо и теоретски ја обезбеди 29-та титулата во Серија А.


Сезонава ибраниците на тренерот Антонио Конте ја одбранија титулата освоена минатата сезона. Да не му беа одземени титулите во “калчополи“, Јувентус сега на дресовите ќе имаше три ѕвезди, а вака останува на двете.

Триумфот вреден титулата против Палермо го донесе Чилеанецот, Артуро Видал со голот од пенал во 59-та минута од мечот.

Резултати : Јувентус – Палермо 1-0, Милан – Торино 1-0, Лацио – Болоња 6-0, Парма – Аталанта 2-0, Катанија – Сиена 3-0, Џенова – Пескара 4-1, Наполи – Интер 20:45ч

Табела : Јувентус 83, Наполи 69, Милан 65, Фиорентина 61…..

Мх.П.