Екипата на Јувентус ги комплетираше полуфиналистите во Купот на Италија победувајќи го Торино со 2-0 во градското дерби пред своите гледачи во 1/4 финалниот натпревар.

„Бјанконерите“ на дуелот со градскиот ривал во 1/4 финалето покажаа кој е кој во Торино и заслужено се пласираа во ТОП 4. Даглас Коста после петнаесет минути игра го отвори резултати, а точка на победата стави Марио Манџукиќ во 64-та минута.

Во полуфиналето Јувентус ќе се сретне со Аталанта која го елиминираше Наполи, а во останата двојка силите ќе ги одмерат Милан – Лацио.

OhridNews