Италијанскиот калчолигаш Јувентус во составот на Барселона најде замена за Пол Погба кој се наоѓа пред рекорден трансфер во Манчестер Јунајтед.
„Старата дама“ го пикираше хрватскиот репрезентативец Иван Раќитиќ кој импресионираше минативе две сезони на Ноу Камп.
Вредноста на Хрватот на трансфер пазарот се проценува 50 милиони евра, средства кои „бјанконерите“ ќе ги обезбедат со продавањето на Погба во Манчестер Јунајтед.
Интересен факт е врзан за овој фудбалер кој беше стрелец на еден од трите погодоци за Барселона во финалето од Лигата на Шампиони токму против Јувентус.
Раќитиќ важечки договор со каталонците има до 2019 година, но доаѓањето на Андре Гомеш од Валенсија може да ги поремети плановите на двете страни.
OhridNews