Аталанта и Јувентус ги поделија бодовите ремизирајќи (2-2) во воведниот натпревар од 34-та рунда во италијанската Серија А. Двата тима по еднаш имаа водство, но на крајот на бодот се радуваа домаќините, бидејќи го обезбедија со гол во 90-та минута.
И мечот одлично течеше за домаќините кои поведоа со 1-0 после 45 минути игра. Јувентус на 1-1 израмни во 50-та, а во 83-та поведе со 2-1. Во финишот грешката во потесната одбрана ја искористи Аталанта и погоди за реми и голема радост во Бергамо.
„Старата дама“ и покрај ремито има девет бодови предност од Рома која ја очекува градска пресметка со Лацио, додека бодот многу значи за Аталанта која се бори за излез во Европа.
OhridNews