Италијанскиот шампион, Јувентус замената за Пол Погба кој замина во Манчестер Јунајтед ја пронајде во белгискиот репрезентативец Аксел Витсел.
Фудбалерот на Зенит на големо се поврзуваше со преселба во Премиер лигата, но Јувентус уште еднаш ја покажа својата одлучност на трансфер пазарот.
„Старата дама“ на Зенит за Белгиецот ќе му исплати 18 милиони евра иако цената на Витсел на трансфер пазарот изнесуваше околи 30 милиони евра.
Витсел ќе има голема задача да го замени Погба кој за рекордни 105 милиони евра се пресели во Манчестер Јунајтед.
OhridNews