На претседателските избори во Јужна Кореја се очекува со голема разлика да победи либералот Мун Жае-ин, покажуваат првичните информации од гласањето. За него гласале 41,4 проценти, наспроти неговиот против кандидат, конзервативецот Хонг Жун-Пио, за кого гласале 23,3 отсто.

Мун се залага за поголем дијалог со северниот сосед, што претставува промена на досегашната политика на Јужна Кореја.

Предвремените избори во Јужна Кореја беа распишани по корупцискиот скандал, кој доведе до импичмент на претходната претседателка.

OhridNews
извор Макфакс