Ватерполо репрезентацијата на Македонија ќе игра против соодветната репрезентација на нашиот јужен сосед на стартот на квалификацискиот турнир во Едмонтон за Олимписките игри во Лондон.

Потоа во втората рунда е дуелот со Холандија, а во третото противник ни е Романија. Во претпоследната рунда силите ќе ги одмериме со европскиот вицепрвак Црна Гора, а последниот меч се игра против Германија.

Пласман во четвртфиналето ќе обезбедат четирите најдобропласирани репрезентации. За пласман на Олимпијадате потребен ќе биде пласман меѓу најдобрите четири на турнриот.

Во четвртфиналето ќе вкрстат најдобро пласираните тимови во двете групи и тоа по принципот 1А-4Б, 2А-3Б, 3А-2Б и 4А-1Б.  Во Б групата се наоѓаат Шпанија, Канада, Турција, Аргентина, Бразил и Венецуела,

ohridnews