Јужноафриканецот Рабелани Рамали нуди медал и парична награда за секоја жена која ќе успее што подолго да ја задржи невиноста. Тој за весникот „Тајмс“ објаснил дека тоа е негов придонес во борбата против ХИВ-от и тинејџерските бремености. Римали на секоја жена кој ќе остане невина, во зависност од нејзините години, најмногу 35, ќе и даде златен сребрен или бронзен медал и чек на 9300 долари.

Иницијативата на овој активист, кој има пет деца со четири жени, се нашла на поделени реакции. Рамали ангажирал и еден лекар кој ќе проверува дали кандидатките за наградата навистина се невини. Јужноафиканската република е една од државите во светот со најголем број заразени со ХИВ вирусот, 6,4 милиони.